Леброн Џејмс е виновникот за еден од најголемите пресврти во историјата на НБА (Видео)

Лос Анџелес лејкерс загуби на гостувањето кај Чикаго со 119:117, иако само на 12,6 секунди имаше предност од 115:110. Како главен виновник за овој пораз на Лејкерс е посочен Леброн Џејмс.

Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата, во три ситуации во последните 12,6 секунди одигра очајно и едноставно на Чикаго му подари шанса да направи пресврт, а Биковите тоа го прифатија и на крајот се радуваа.

Лејкерс водеше со 115:110, кога Чикаго беше во напад, а токму играчот кој требаше да биде чуван од Леброн, постигна тројка. Потоа Леброн згреши при изведувањето на топката, а Чикаго постигна и втора тројка.

Откако Лејкерс даде кош за водство од 117:116, во последниот напад Чикаго со шут од половина терен постигна тројка за победа. Леброн беше најблиску до играчот кој го упати последниот шут, но едноставно недоволно беше ангажиран не верувајќи дека може да погоди тројка од половина терен.

- Оглас -

Најнови вести