Леброн Џејмс ги одбил понудите, сака кариерата да ја заврши во ЛА Лејкерс

Неколку тимови од НБА лигата го опипувале пулсот кај Леброн Џејмс дали би сакал да се пресели од ЛА Лејкерс, но тој ја одбил таквата можност, затоа што планира кариерата да ја заврши како играч на Езерџиите.

Лани наводно дури и од Лејкерс отишле кај Леброн и го прашале дали би сакал трампа во Голден стејт, но тој рекол не. Им рекол дека сака да остане кај нив до крајот на кариерата и да продолжи да живее со семејството во Лос Анџелес.

Летоска Џејмс можеше да ја избере опцијата да стане слободен агант и да го тестира пазарот, но реши да остане Лејкерс, а во договорот има и клаузула за забрана да биде продаден без негово одобрување, па тој сам си одлучува за иднината.

И сега одговорот би бил ист. Во Лејкерс е и неговиот син Брони на кој му треба „заштита“ во клубот, ако си замине Леброн, Брони ќе биде во проблем.

Сите показатели се дека сака кариерата да ја заврши во Лејкерс, без разлика уште колку ќе го гледаме на паркетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести