Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс во НБА-лигата воопшто, Леброн Џејмс, објави дека привремено ќе се повлече од социјалните мрежи.
Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата, кој на трите главни социјални платформи има вкупно 239 милиони следбеници (159 милиони на „Инстаграм“, 53 милиони на X и 27 милиони на „Фејсбук“), во наредниот период нема да ги споделува своите мислења и коментари онлајн.
AMEN!! @richkleiman 🫡 pic.twitter.com/OZr9e1CVbY
— LeBron James (@KingJames) November 20, 2024
Леброн ја започна најавата за своето повлекување со објава стара еден месец од Рич Клајман, долгогодишниот менаџер на Кевин Дурант, во која тој ги критикува водечките спортски медиуми за нивната наклонетост кон негативни вести и намерното наметнување такви ставови кај јавноста наместо да шират позитивна енергија.
Над таа објава, Леброн напиша „Амин!!“
Во друга објава НБА-ѕвездата додаде:
„Со сето ова, ве поздравувам. Се повлекувам од социјалните мрежи засега. Чувајте се.“
And with that said I’ll holla at y’all! Getting off social media for the time being. Y’all take care ✌🏾👑
— LeBron James (@KingJames) November 20, 2024