20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Леброн Џејмс го изведе најбизарното слободно фрлање во кариерата (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го претрпе првиот пораз во новата сезона откако на гостувањето кај Феникс санс загуби со 109:105. Лејкерси водеа со седум разлика на крајот од третата четвртина, но Феникс одигра одлично во решавачката четвртина и на крајот направи пресврт.

До самиот финиш беше неизвесно, а на шест секунди до крајот Леброн Џејмс беше на линијата за слободни фрлања. При негатива од 107:105, Џејмс реши намерно да го промаши вториот шут од линијата за слободни фрлања и неговите соиграчи да имаат шанса да направат офанзивен скок.

Сепак, Џејмс многу остро и многу ниско го удри баскетот во предниот обрач и домашните играчи на Феникс ја собраа топката, па на крајот се радуваа на победа.

https://twitter.com/i/status/1851119584004223457

- Оглас -

Најнови вести