Леброн Џејмс на 40 години повторно ја демонстрираше својата неверојатна атлетска способност и вештина со спектакуларно забивање за време на натпреварот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Далас маверикс. Иако Лејкерс загубија убедливо со 118-97, потегот на Леброн го засени резултатот и стана главна тема на вечерта во НБА-лигата.
Леброн Џејмс започна брз пробив од линијата за три поени, водејќи ја топката со десната рака. При скокот кон кошот, тој ја префрли топката во левата рака и ја заби во кошот преку 216 сантиметри високиот и 20 години помладиот Дерик Лајвли II. Потегот предизвика огромна возбуда кај коментаторите и на социјалните мрежи.
IS LEBRON 40 OR NOT??? WE CAN’T TELL 😳 https://t.co/OdlQ6goK2m pic.twitter.com/0HxZ0bvMTK
— NBA (@NBA) January 8, 2025
Леброн Џејмс го заврши мечот со 18 поени, десет скока и осум асистенции, но неговото забивање ја засени дури и одличната игра на Далас, кои беа без Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.
Овој потег уште еднаш докажа дека Леброн Џејмс и на 40 години останува еден од најимпресивните спортисти во историјата на кошарката.