Кошаркарите на Мајами хит го декласираа тимот на ЛА лејкерс со 134-93 во еден од најинтересните натпревари во НБА-лигата изминатата вечер. Леброн Џејмс и друштвото беа тотално инфериорни на овој дуел, а кај победникот се истакнаа Тајлер Хироу со 31 поен и Џими Батлер со 17 поени, девет скока и пет асистенции.
Единствено Леброн Џејмс беше на нивото кај ЛА лејкерс, постигнувајќи 29 поени, пет скока и осум асистенции.
Бостон беше подобар од Детроит и славеше со 130-120. Џејлен Браун беше најефикасен кошаркар на мечот со 28 поени, шест скока и девет асистенции.
Минесота го победи ЛА клиперс со 108-80, додека Милвоки беше поразен дома од Атланта со 104-119.
Резултати: Минесота – ЛА клиперс 108-80, Бостон – Детроит 130-120, Бруклин – Индијана 99-90, Мајами – ЛА лејкерс 134-93, Филаделфија – Орландо 102-106, Милвоки – Атланта 104-119.