Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе бидат дел од Божиќниот спектакл

Двете најголеми ѕевзди во тимот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе бидат подготвени за големото НБА-шоу. За божиќната вечер во ЛА ќе има дуел меѓу градските ривали Лејкерс и Клиперс.

Првичните најави од Лејкерс беа дека Џејмс и Дејвис нема да бидат подготвени за дербито на Пацифистичката дивизја. Џејмс не играше на еден меч, но сега е подготвен, додека Дејвис чувствува болки во коленото, но нема да го пропушти еден од најатрактивните дуели сезонава.

Во досегашниот дел од сезоната, Лејкерс во 30 меча има 24 победи, а на свој терен во 16 дуели се радувале 14 пати. Клиперс од 32 натпревари има 22 победи и 10 порази, а на гости е со 50 отсто успешност од 16 дуели.

Дуелите за Божиќ започнуваат од 18 часот, кога играат: Торонто – Бостон, а во 20:30 часот ќе се сретнат Филаделфија – Милвоки. Во 23 часот ќе играат Голден стејт – Хјустон, додека по полноќ играат ЛА лејкерс – ЛА клиперс и Денвер – Њу Орлеанс.

 

- Оглас -

Најнови вести