Леброн Џејмс се приближува до својот 40-ти роденден, но шпекулациите за негов можен трансфер не запираат. Според „Блечер репорт“, Голден Стејт вориорс сè уште сонуваат да го обединат со Стеф Кари и Дрејмонд Грин, план што се споменува уште од минатата година.
Брајан Виндхорст од „ЕСПН“ смета дека одлуката е целосно во рацете на ЛеБрон. Вориорс не планираат да донесат избрзани одлуки, бидејќи трансфер периодот во НБА штотуку започна и ќе трае до февруари.
„Голден Стејт бара играч кој ги комбинира вештините на плејмејкер и реализатор, а Леброн Џејмс е најдобрата можна опција“, истакнуваат од „ЕСПН“.
Од почетокот на сезоната, Леброн покажува исклучителна форма со просек од 23,1 поен и 9,1 асистенција по натпревар, докажувајќи дека сè уште е еден од најдобрите играчи.
Голден Стејт размислува да го понуди младиот талент Џонатан Кумиња како дел од потенцијалната зделка, што би можело да отвори можности не само за Леброн, туку и за друга ѕвезда како Џими Батлер од Мајами хит.
Очигледно е дека и Џејмс и Батлер се во завршните фази од своите кариери и решени се да освојат уште титули пред да се повлечат.