Шест меча се одиграа во НБА-лигата, а во фокусот е доминацијата на најстариот играч сезонава, Леброн Џејмс. Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс пред три дена наполни 40 години, но покажува дека уште е незадржлив за противниците.
На дуелот против Портланд, Леброн одигра 36 минути, во кои постигна 38 поени, а имаше и осум асистенции и три скока, а неговиот Лејкерс славеше со 114:106. Шутерски едноставно Леброн беше речиси непогрешлив, посебно за ударите од далечина, од каде што погоди седум од 10 шута за три поени.
Ветеранот покажа дека не заборавил и да биде атрактивен, па имаше и забивање.
LEBRON STILL FLYING AT 40 😭🔥 pic.twitter.com/V1lMgdmik2
— LakeShowYo (@LakeShowYo) January 3, 2025
Домашниот терен го искористи само уште екипата на Оклахома, која пред своите навивачи победи со 116:98. На останатите четири дуели се радуваа гостите, а резултатите се: Мајами – Индијана 115:128, Минесота – Бостон 115:118, Милвоки – Бруклин 110:113 и ЛА клиперс – Голден стејт 98:139.