2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо, Џејмс Харден и Џоел Ембид се омилени да се бркаат „плус поени“

Само два меча има вечерва во НБА-лигата, но тоа не значи дека нема интересна понуда. Во Лос Анџелес се игра градското дерби меѓу Лејкерс и Клиперс, а според квотите, тимот предводен од Леброн Џејмс е во улога на аутсајдер.

Клиперс има четири победи на последните пет меча со градскиот ривал, а на три од овие последни четири дуели, вкупниот број на поени бил под 223,5 што сега е како граница за „плус-минус“.

Ветеранот Леброн Џејмс во првиот меч од сезонава даде 31 поен, а сега границата му е на 29,5 поени. Ефикасен треба да биде и Дејвис, кој во поразот против Голден стејт постигна 27 поени. За Клиперс ова е прв меч во новата сезона.

Во вториот меч кој се игра вечерва, Филаделфија е домаќин на Милвоки. Филаделфија загуби во првиот меч на гости кај Бостон, но сега дома треба да се радува. Милвоки имаше ужасни подготвителни дуели и загуби шестпати во низа.

Кај 76-ките Ембид и Харден треба да бидат главни адути во нападот, а Јанис Адетокумбо кај Милвоки се очекува да биде на 30+ поени.

- Оглас -

Најнови вести