Леброн Џејмс: Ќе се повлечам кога нема да можам да давам максимум, тоа не е денеска

Леброн Џејмс конечно јавно потврди дека ќе игра и следната сезона, откако во изминатиот период ја оставаше отворена вратата и за пензионирање.

Речиси никој не веруваше дека Џејмс ќе се повлече, а се покажа дека тоа е вистина, и дека Леброн само сака да биде во центарот на вниманието и да ја држи јавноста во мала неизвесност.

„Кога заврши сезоната, реков дека не сум сигурен дали ќе продолжам да играм. Сакав да видам дали можам да давам максимум и да играм без да ја мамам кошарката. Денот кога нема да можам да дадам сè на терен, ќе се повлечам. Но, за среќа, тој ден не е денеска“ – рече 38-годишното крило на Лос Анџелес лејкерс кој ќе игра својата 21-ва сезона во најсилната лига на светот.

Џејмс во декември ќе наполни 39 години, и можеби ќе му се исполни сонот да игра во НБА заедно со синот Брони кој во 2024 година треба да биде драфтуван.

- Оглас -

Најнови вести