Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, е подготвен да се врати на тренинзите со првиот тим на Лос Анџелес лејкерс. Ова значи дека Џејмс би можело за многу брзо да се врати на теренот и со тоа да стане првиот играч во историјата што заиграл во 23 различни сезони во НБА.
Леброн е во аут од почетокот на сезоната, откако почувствувал болки во грбот за време на подготовките и за првпат во својата кариера го пропушти почетокот на сезоната.
Отсуството на Џејмс не се чувствува многу на теренот затоа што екипата и без него во поставата игра добро и моментално е со скор од 10 победи и само четири порази.
Треба да се напомене дека Џејмс може да стане и играчот со најмногу одиграни натпревари оваа сезона, моментално втор на таа листа со 1.562 одиграни натпревари, пред него само Роберт Пeриш со 1.611.

