Леброн Џејмс „полуде“ по првото забивање на син му (Видео)
НБА ѕвездата веројатно никогаш не прославил вака свое забивање.

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс подиве од радост откако неговиот 14-годишен син Леброн јуниор, кој е висок 188 сантиметри, за првпат успеа да ја забие топката на еден натпревар.
Мечот беше од еден турнир, организиран од Аматерскиот спортски сојуз на САД, популарниот Брони беше повикан да игра, а Леброн беше на трибините, поточно во првиот ред зад кошот.
Видете како Џејмс го прослави забивањето на Брони:
OH YEAH BRONNY‼️ @tiphoops pic.twitter.com/FrCDO8W7GW
— SLAM HS Hoops (@SLAM_HS) July 28, 2019