Леброн Џејмс повторно го промени бројот на дресот!

Еден од најдобрите НБА-кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, повторно го промени бројот на дресот. Тој на претсезонскиот натпревар против Бруклин се појави со бројот 23 на дресот, а не со бројот 6, како што беше до сега.

Оваа промена е направена бидејќи неодамна починатиот Бил Расел играл со бројот 6 на својот дрес, па Џејмс одлучил да го користи тој број во негова чест.

Леброн Џејмс на колеџ и на универзитетските натпреварувања играл со бројот 23 на својот дрес, во чест на неговиот идол Мајкл Џордан. Оваа сезона повторно се враќа на 23-ката и веднаш тоа беше поврзано со најдобриот кошаркар на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести