Леброн Џејмс – Првиот активен кошаркар-милијардер

Леброн Џејмс е првиот активен кошаркар кој стана милијардер. Улогата на главна ѕвезда во новиот филм „Вселенска кошарка 2 – Ново наследство“, кој пред неколку дена почна да се емитува во киносалите низ светот, придонесе за Кралот да стигне до неверојатна цифра на заработка.

Откако го потпиша првиот професионален договор со Кливленд кавалирс во 2003 година, Џејмс досега инкасира 330 милиони долари само од договори со екипи од НБА-лигата. Сепак, главниот извор на пари на моменталната суперѕвезда на Лејкерс, или околу 700 милиони долари, се спонзорствата со голем број светски компании, како „Најки“, „АТ&Т“, „Волмарт“, „ПепсиКо“ и други.

Неговиот претходник од филмот „Спејс џем“, Мајкл Џордан, вреди малку повеќе од две милијарди долари, но иконата на НБА до таа заработка стигна дури откако ја заврши професионалната кариера.

Од активните спортисти-милијардери, Џејмс се приклучи на друштвото Тајгер Вудс, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Флојд Мејведер и Роџер Федерер.

- Оглас -

Најнови вести