Леброн Џејмс се истетовира во чест на Коби Брајант (Фото)

Неполни 24 часа пред да се случи трагичната хеликоптерска несреќа во која Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седуммина луѓе го загубија животот, Леброн Џејмс го престигна легендарниот Коби на третото место од вечната листа на стрелците во НБА-лигата.

Коби воопшто не се чувствуваше љубоморен на овој успех на Џејмс, па дури и последната објава на „Инстаграм“ беше токму во чест на Леброн, честитајќи му за успехот. Неколку часа подоцна хеликоптерот се сруши, а животот на Брајант згасна.

Леброн не можеше да поверува дека Коби веќе го нема. Неколку дена по трагедијата, Леброн реши на своето тело засекогаш да има нешто што ќе го потсетува на Брајант. Џејмс направи тетоважа во чест на Брајант.

На левата натколеница, Леброн истетовира змија Црна мамба со цвеќе и бројките 8 и 24 кои ги носеше Брајант во текот на кариерата. Покрај Мамбата на тетоважата пишува „Коби засекогаш“.

- Оглас -

Најнови вести