Леброн Џејмс си направи топ олстар-петорка со балканските ѕвезди Дончиќ, Јокиќ и Адетокумбо (Фото)

Леброн Џејмс си направи топ стартна петорка за олстар-мечот што ќе ја предводи, а по негов вкус се балканските ѕвезди Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо и плус Стефен Кари.

Изборот на Кевин Дурант, кој е капитен на ривалскиот тим и бираше стартна петорка заедно со Џејмс, иако нема да настапи, се: Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Кавај Ленард и Џоел Ембид.

Резерви во тимот на Леброн Џејмс се: Демиен Лилард, Бен Симонс, Крис Пол, Џејлен Браун, Пол Џорџ, Домантас Сабонис и Руди Гобер.

Дурант одлучи како замени да ги одбере: Џејмс Харден, Девин Букер, Зајон Вилијамсон, Зак Лавињ, Џулиус Рендл, Никола Вучевиќ и Донован Мичел.

Олстар-мечот ќе се игра викендов што следува во Атланта.

Интересно е што двете ѕвезди на моментно водечкиот тим во НБА, Јута џез, Донован Мичел и Руди Гобер, останаа последни при драфтот на капитените Џејмс и Дурант, па имаше и шеги на нивна сметка од страна на Леброн.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести