Леброн Џејмс: „Србија беше неверојатна. Ова е еден од најубавите моменти во мојата кариера“

Репрезентацијата на САД со неверојатен пресврт во последната четвртина дојде до победата над Србија со 95-91 и обезбеди пласман во финалето на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри. Србите на моменти имаа и +17, а во своја корист ги добија првите три четвртини, но САД во последниот период направи 32-15 за голем пресврт.

Стеф Кари и Леброн Џејмс беа предводници на селекцијата на САД, едниот со девет тројки беше најефикасен, а вториот мечот го заврши со трипл-дабл.

„Стеф Кари одигра натпревар во свој, врвен стил. Џоел ни требаше оној вистинскиот и таков беше. Го видовме во дуелите со Јокиќ. Тоа се двајцата најдобри високи играчи во НБА: Двајцата беа одлични. Секоја чест за Србија, морам да им оддадам големо признание. Дадоа сè од себе против нас. Одлична екипа, играа неверојатно. Овој ми е меѓу најдобрите моменти во кариерата. Имам 39 години, влегувам во мојата 22-ра сезона. Не знам уште колку ќе имам можност да се натпреварувам и да играм големи натпревари, а овој меч беше токму таков“, рече Леброн Џејмс по мечот со Србија.

САД во финалето на Олимпијадата ќе игра против домаќинот Франција.

- Оглас -

Најнови вести