Леброн Џејмс стана вториот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата

Леброн Џејмс имаше историски меч во НБА лигата, кој не успеа да го круниса и со победа на Лос Анџелес лејкерс. Тимот од ЛА водеше во речиси целиот меч на гостувањето кај Вашингтон, но на крајот загуби со 127:119.

На „Кралот“ Џејмс му беа потребни 19 поени за да го надмине Карл Мелоун на второто место на вечната листа на стрелци, а ѕвездата на Лејкерс постигна двојно повеќе, точно 38 поени, со 10 скокови и шест асистенции.

Во кариерата која му трае 19 години, Леброн досега постигна 36.947 поени и пред него е само легендарниот Карим Абдул Џабар. За да го стигне Џабар, Џејмс треба да постигне уште 1.440 поени, а доколку продолжи да погодува со просек како што тоа го прави оваа сезона, ќе му бидат потребни 48 мечеви. Тоа значи дека доколку Леброн нема некоја посериозна повреда, веќе следната сезона можеме да бидеме сведоци на неверојатно постигнување и да го имаме новиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.

Резултати: Шарлот – Далас 129:108, Кливленд – Детроит 113:109, Вашингтон – ЛА лејкерс 127:119, Минесота – Милвоки 138:119.

- Оглас -

Најнови вести