Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, остро му одговори на новинарот на ЦБС спорт, а е поврзано за трансферот на Лука Дончиќ во Лос Анџелес лејкерс. Трампата според која Дончиќ од Далас заминува во Лејкерс, а од Лос Анџелес кај Маверикс оди Ентони Дејвис ги изненади сите.
Непосредно по оваа трампа, на ЦБС спорт беше објавена вест дека Дејвис си заминал од Лејкерс поради фрустрациите на Џејмс, па мораше да реагира 40-годишниот кошаркар.
„Ти си е*ан лажго“, беше жестоката порака од Џејмс до новинарот кој го обвини еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
You a fkn lie!!! 🤥🤡 https://t.co/EYNRUbUFmj
— LeBron James (@KingJames) February 2, 2025
Дончиќ веќе е пристигнат во Лос Анџелес, а се очекува дебито за Лејкерс да го има непосредно пред почетокот на Олстар-викендот, кој е закажан од 14 до 17 февруари.