Леброн Џејмс збесна поради убиството на Афроамериканецот (Видео)

Леброн Џејмс не можеше да остане рамнодушен по шокантните снимки кои се појавија на кои се гледа како четворица полицајци во Минеаполис во смрт го однесоа 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд. На снимките се гледа како еден од полицајците со колено го има притиснато Флојд на вратот, додека уапсениот беспомошно лежи на земја и моли за помош.

„Не можам да дишам, не можам да дишам“, се слуша на снимката како Флојд го моли полицаецот да ја тргне ногата од неговиот врат. Цели осум минути полицаецот го држел притиснат вратот на Флојд, а дури откако човекот не давал знаци на живот, полицаецот се тргнал и била повикана лекарска екипа, која, за жал, само констатирала смрт.

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс остро реагираше на оваа бруталност од полицијата и на „Твитер“ порача „Тие нас нè ловат. Ете зошто, дали сега разбравте или уште сè ви е во магла?“, искоментира Леброн со фотографијата поставена на социјалната мрежа.

Од полицијата во Минеаполис потврдија дека сите четворица полицајци кои се дел од овој брутален чин, добиле отказ.

 

View this post on Instagram

 

Do you understand NOW!!??!!?? Or is it still blurred to you?? 🤦🏾‍♂️ #StayWoke👁

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

 

 

- Оглас -

Најнови вести