Леброн Џејмс со 48 поени го запиша и Хјустон во клубот 40+, му остана само уште еден тим за полн нотес (Видео)

Леброн Џејмс игра импресивно и на 38-годишна возраст, а сега има уште една интересна цел во својата кошаркарска приказна пребогата со трофеи и индивидуални признанија.

Ноќеска во победата на Лос Анџелес лејкерс против Хјустон рокитс со 140:132, Кралот Џејмс постигна 48 поени и го запиша и претпоследниот клуб во својот НБА нотес на кој му дал 40 или повеќе поени.

За да биде приказната комплетна, на Џејмс му требаа 40+ против големиот градски ривал Лос Анџелес клиперс, единствената екипа на која не успеал да ѝ уфрли 40-ка или повеќе. Следниот меч со нив му е за една седмица.

Интересна е и приказната на Џабари Смит јуниор, кој првпат играше против Џејмс и нивната конверзација непосредно пред стартот на мечот беше хит.

Младиот играч на Хјустон рокитс му се претстави на Леброн и го потсети дека првиот меч во кариерата во НБА го играл против неговиот татко.

„Првиот меч во НБА го играше против мојот татко, не се чувствуваш малку стар?“ му рече Смит јуниор на Леброн, а одговорот е:

„Зошто ме потсети“.

Во ноќта посветена на Доктор Мартин Лутер Кинг во НБА се одиграа вкупно 9 натпревари.

Резултати: Шарлот – Бостон 118:130, Милвоки – Индијана 132:119, Кливленд – Њу Орлеанс 113:103, Њујорк – Торонто 121:123 по продолженија, Вашингтон – Годлен стејт 118:127, Атланта – Мајами 121:113, Минесота – Јута 125:126, Мемфис – Феникс 136:106, Лос Анџелес лејкерс – Хјустон 140:132.

- Оглас -

Најнови вести