Лос Анџелес лејкерс победи на гостувањето кај Кливленд кавалирс со 121-115 во натпревар од НБА лигата кој мина во знакот на гостинските ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Џејмс е роден во предградие на Кливленд, НБА кариерата ја почна во Кливленд во кој играше 11 сезони, освои и една титула, па затоа доби и овации од публиката која носеше и негов дрес, иако најдобриот стрелец во историјата на НБА веќе не е член на Кавалирс и двапати ги напушташе. Џејмс има играно 21 пат против својот сакан клуб од младоста, а ова му беше 18-та победа.
Најдобар поединец кај Лејкерс беше Дејвис со свој сезонски рекорд од 32 поени, и 13 скока. Леброн даде 22 поени.
Славеше и другиот тим од Лос Анџелес. Клиперс го порази Далас со 107-88. Кај гостите, Лука Дончиќ даде 30, Кајри Ирвинг 26 поени, но останатите нивни соиграчи заедно само 32 поени, па Маверикс претрпе убедлив пораз.
Еве како беше најавен и поздравен Леброн во салата во Кливленд:
https://twitter.com/i/status/1728579509643800683