Леброн доби смртна закана, му го кажаа и датумот кога ќе биде убиен

Анонимна закана дека ќе биде убиен, доби најголемата НБА ѕвезда Леброн Џејмс. Четирикратниот НБА шампион заканата ја доби на социјалните мрежи.

„Во четврток, на 18 февруари ќе присуствувам на мечот Бруклин – Лејкерс. Ќе го земам пиштолот со мене кој е на снимката и за време на еден тајмаут ќе го застрелам Леброн Џејмс директно во глава. Предупреден си Леброн“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Подоцна, од истиот акаунт од кој беше упатена заканата, беше напишано ново известување, дека се работело само за шега.

„Сакам да се извинам поради упатените закани кон Леброн Џејмс, затоа што тоа беше само шега. Сфатив дека тоа не е смешно и дека може да биде многу сериозно. Може да ме мразите, но јас искрено се извинувам. Ако можам да го вратам времето назад, прво ќе размислев пред да постирав такво нешто“, стои во извинувањето од истиот профил.

- Оглас -

Најнови вести