Леброн и Брони испишаа историја: Првите татко и син кои играа на ист натпревар во НБА-лигата (Видео)

Леброн и Брони Џејмс испишаа историја во НБА-лигата откако станаа првите татко и син кои играле на ист натпревар откако беа дел од екипата на ЛА лејкерс во претсезонскиот пораз од Феникс со 118-114. Иако се работи само за претсезонски меч, сепак овој натпревар влезе во историјата, а главното следува со официјаниот почеток на НБА-лигата кон крајот на месецов.

Леброн натпреварот го заврши со 19 поени, пет скока и четири асистенции за 16 минути на паркетот, додека Брони запиша само два скока за 13 минути.

Брони Џејмс беше драфтуван како 55-ти пик и потпиша четиригодишен договор вреден 7,9 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести