8563 Бостон селтикс – ЛА лејкерс (02:30ч)
Двете најтрофејни франшизи во НБА лигата првпат ќе се сретнат оваа сезона, а Бостон има шанси да го нанесе третиот последователен пораз на шампионот со оглед на тоа дека Леброн Џејмс и Ентони Дејвис не се сигурни дека ќе настапат во дербито.
Последен пат кога Лејкерс гостуваше во Масачусетс прими 139 поени, пред нешто повеќе од една година, а познато е дека средбите на овие два ривали најчесто се доста ефикасни.
Предлог тип: >217,5 поени (1.85)
8513 Лука Дончиќ (Далас маверикс – Феникс санс, 03ч)
Дончиќ крајно револтиран по четвртиот пораз во низа кој го претрпе Далас, може да го истури гневот врз Сонцињата кои имаат амбиции да стигнат далеку во разигрувањата. Маверикс се 13-ти на Западот по 19 натпревари со учинок 8-11, па затоа се очекува Дончиќ да ја преземе работата во свои раце и сам да стави крај на кризата на неговата екипа.
Границата е 26,5 поени, а ако се знае со каков квалитет располага словенечката ѕвезда, не би требало да има проблем да го надмине својот просек.
Предлог тип: Дончиќ >26,5 поени (1.87)
8459 Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс пеликанс – Хјустон рокетс, 02ч)
Двете екипи се влезени во победничка серија со тоа што Ракетите бројат четири во низа, две повеќе од вечерашните домаќини.
Њу Орлеанс конечно се разигра, меѓутоа уште е на претпоследното место на Западот, а за да се искачат погоре на табелата потребен им е Зајон Вилијамсон на врвно ниво.
Зајон ќе биде незадржлив за Хјустон и би требало без проблеми да реализира повеќе од 22 поени.
Предлог тип: Вилијамсон >22,5 поени (1.87)
8452 Демиен Лилард (Чикаго булс – Портланд трејлблејзерс, 02ч)
Лилард во претходните два меча не успеа да оди над 30 поени, па затоа ноќеска се очекува да биде неприкосновен против Биковите од Чикаго. Во последните две гостувања во Ветровитиот град, Лилард не сјаеше како што знае, што е доволен мотив за него да се покаже во подобро светло.
На Портланд му е потребен Лилард да ја надмине границата во поени со цел екипата да не влезе во кризен период по два порази во низа.
Предлог тип: Лилард >31,5 поени (1.75)
8478 Стеф Кари (Голден стејт вориорс – Детроит пистонс, 04ч)
Голден стејт би требало да го надигра Детроит доколку Стеф Кари го намести нишанот, што и се очекува од најдобриот шутер во НБА лигата. Кари застана точно на границата од 27 поени во поразот на Воините од Феникс, па затоа се очекува да биде поефикасен со оглед на тоа дека Детроит е многу послаба екипа од Голден стејт.
Предлог тип: Кари >27,5 поени (1.87)