Леброн Џејмс стигна до третиот трипл-дабл сезонава, а вкупно 110-ти во кариерата, а Лос Анџелес лејкерс славеше над Голден Стејт вориорс со 145:144 во најдраматичниот меч одигран ноќеска во НБА лигата. Победникот на овој дуел мораше да се реши по дури две продолженија, а Голден Стејт беше тимот кој погодуваше во последните секунди за да се спасува од пораз во регуларниот дел и по првото продолжение, за да на крајот Воините сепак немаат сили за триумф.
Ветеранот Џејмс на крајот заврши со 36 поени, рекордни во кариерата 20 скока и 12 асистенции. Леброн беше најдобар кога беше најпотребно, па дури 12 поени постигна во продолженијата. Кај победничкиот тим одличен беше и Ентони Џејвис со 29 поени, 13 скока и четири блокади.
Стеф Кари беше предводник на Голден Стејт со 46 поени, од кои постигна дури девет тројки. Последната тројка што ја даде Кари беше на пет секунди до крајот за водство од 144:143, но Лејкерс и реализираа во последниот напад и тоа благодарение на двете слободни фрлања на Леброн.
Во останатите мечеви постигнати се следните резултати: Бруклин – Хјустон 106:104, Бостон – ЛА лејкерс 96:115, Шарлот – Јута 122:134, Милвоки – Њу Орлеанс 141:117, Сан Антонио – Минесота 113:112, Далас – Сакраменто 115:120.