7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Леброн испиша историја во НБА лигата: Највозрасен кошаркар со трипл-дабл! (Видео)

Леброн Џејмс испиша историја на мечот против Далас во НБА лигата, откако на две минути и шест секунди до крајот на натпреварот успеа да дојде до трипл-дабл ефект. До тој момент имаше 28 поени и 12 асистенции и успеа да дојде до десеттиот скок и така стане највозрасниот кошаркар кој дошол до троен ефект во НБА лигата.

Новиот рекорд е 41 година и 44 дена, со што го надмина легендарниот Карл Мелоун, кој исто во дресот на ЛА Лејкерс дојде до трипл-дабал на 40 години и 127 дена.

На крајот „езерџиите“ имаа двојна причина за радост, бидејќи забележаа победа од 124-104 над Далас.

Резултати:

Оклахома – Минесота 93-110
Јута – Портланд 119-135
ЛА Лејкерс – Далас 124-104

- Оглас -

Најнови вести