Леброн ќе ги води Езерџиите до победа во дербито на Калифорнија

4389 Лос Анџелес лејкерс – Сакраменто кингс (НБА, 04:30 часот)

Дербито на Калифорнија е една од најинтересните средби од полноќната понуда на НБА-лигата.

Лејкерс се фаворити, но кога е во прашање НБА, секој секого може да победи.

Пред две децении ова беше можеби и најинтересниот меч да се гледа, но Сакраменто последнава деценија е навистина очаен и има катастрофални резултати.

Од друга страна, тимот од Лос Анџелес предводен од Леброн Џејмс игра променливо сезонава, но нема да има проблеми против тимот од главниот град на сојузната држава Калифорнија.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.5 (1.96)

 

3375 Њу Орлеанс пеликанс – Феникс санс (НБА, 02:00 часот)

Њу Орлеанс е еден од тимовите којшто највеќе потфрли во досегашниот тек од сезоната.

Само 13 победи од 37 одиграни натпревари и пласман на претпоследното, 14-то место во Западната конференција е навистина премалку. Зајон Вилијамсон сè уште зартепнува од фамозната повреда на десното стапало и неизвесно е кога ќе се врати назад на теренот.

Гостите, пак, се константни во формата и продолжуваат да играат во победничкиот ритам што го наметнаа уште од плејофот во минатата сезона, каде што стигнаа до финалето, но не успеаја да ја освојат титулата.

Предлог тип: 2&>218.5 (2.80)

 

8001 Кливленд кавалирс – Мемфис гризлис (НБА, 01:00 часот)

Повредата на Рики Рубио ги исфрли од колосек Кливленд, кои изненадувачки имаа добар прв дел од сезоната.

Сепак, Шпанецот до крајот на оваа натпреварувачка година ќе биде во аут, а тоа ќе биде голем проблем за Кавси, коишто зависеа од неговата игра.

За тоа каков удел има Рубио во оваа сезона, говори и статистиката од 13,1 поен, 4,1 скок и 6,6 асистенции по натпревар.

Мемфис е во добра серија од пет едноподруго победи, која се надеваат дека ќе биде продолжена.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

8455 Колумбус блу џакетс – Тамба беј лајтнинг (НХЛ, 01:00 часот)

Гостите кои се актуелни прваци во НХЛ-лигата имаат два катастрофални настапи зад себе.

Пред две ноќи беа поразени на гостувањето кај Њујорк ренџерс со 4:0, додека вистински дебакл им се случи во последниот ден од 2021 година, каде што играа против Флорида пантерс и загубија со 9:3.

И Колумбус игра променливо пред своите навивачи, а ако се погледне меѓусебната историја, тогаш најсигурна варијата е да се одигра дека ќе видиме шест или повеќе погодоци.

Предлог тип: >5.5 (1.70)

 

8374 Њујорк никс – Индијана пејсерс (НБА, 01:30 часот)

Иако уште не сме дојдени до средината од сезоната во НБА, сепак, оваа средба е исклучително важна за двете екипи.

Њујорк се наоѓа на 11-тото место во Источната конференција со скор од 17 победи и 20 порази, додека Индијана е две места подолу (14 победи, 23 порази).

И обете екипи се во серија од неколку порази, па затоа тој што ќе слави на овој дуел, дефинитивно ќе го подигне моралот на повисоко ниво, но и ќе дојде до можност да напредува на Истокот, па и евентуално да влезе во борбата за плејофот.

Затоа очекуваме тврд и неизвесен натпревар со мал број поени, што е и впрочем одлика кога се игра во арената „Медисон Сквер гарден“.

Предлог тип: <208.5 (1.91)

- Оглас -

Најнови вести