30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Леброн ќе го означи стартот на една од најпрестижните трки во историјата

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, доби голема чест, ќе го означи стартот на 91-то издание на трката на издржливост „24 часа Ле Ман“, чие прво издание беше пред точно 100 години.

„Чест ми е што ќе бидам дел од историски момент во авто-мото спортот и ќе дадам свој придонес во одбележувањето на еден век од првата трка на еден од најголемите спортски настани. Среќен сум што ќе го означам стартот на трката“, изјави Џејмс.

Пред Леброн Џејмс, идентична чест, да го означат стартот на трката на издржливост „24 часа Ле Ман“ ја добија и тенисерот Рафаел Надал како и американските актери Бред Пит и Стив Меквин.

Фаворит за триумф на трката која ќе започне на 10 јуни во 16 часот е Тојота која славеше на последните пет трки, но годинава големи шанси за триумф имаат Порше и Ферари.

- Оглас -

Најнови вести