Меѓу 12-те натпревари кои се играат вечерва по полноќ во кошаркарската НБА-лига, има микс од „сигурици“ и малку потешки мечеви за погодување на конечниот исход.
Се играат повеќе интересни мечеви, па во понудата на Sport Life не е лесно да се одбере што да се типува, со оглед на бројните опции.
Во понудата има и голем број кошаркари на кои може да погодувате дали ќе дадат повеќе или помалку поени од зададената граница. Меѓу играчите е и Леброн Џејмс, за кого треба да погодите дали ќе уфрли над или до 27 поени на дуелот против неговиот поранешен клуб Мајами хит, со кого ги освои првите две титули во кариерата.