30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Леброн маестрално го ископира забивањето на Коби од пред 19 години (Видео)

Во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес уште многу работи потсетуваат на Коби Брајант. Играчот кој 20 години помина во таа сала, трагично го загуби животот во хелипотерска несреќа пред речиси две недели.

Од Лејкерс му одадоа почит на Коби во првиот меч на домашен терен по неговата смрт, а „духот“ на Брајант уште се чувствува во Арената. На мечот против Хјустон, Лејкерс загуби со 121:111, но навивачите си заминаа среќни затоа што по 19 години, можеа да видат реприза од едно легендарно забивање на Коби Брајант.

Овојпат тоа забивање беше во изведба на Леброн Џејмс. Погледнете ја споредбата на двете атрактивни забивања.

 

- Оглас -

Најнови вести