Дури 12 меча се играат ноќеска во НБА-лигата, а со големи проблеми околу составот се соочува Лос Анџелес лејкерс, кој гостува кај Бруклин нетс. Леброн Џејмс ќе паузира во следните две недели, а на болки во грбот се пожали и Лука Дончиќ, па можно е и тој да го пропушти овој меч.
Дури и во една ваква ситуација, Лејкерс важи за фаворит за победа затоа што Бруклин е во очајна форма и загуби седум натпревари по ред, додека Лејкерс има девет победи во последните 10 средби.
Инаку, Лејкерс е една од ретките гостински екипи кои ја имаат улогата на фаворит вечерва. На девет дуели, според квотите, поблиску до победа треба да бидат домаќините.
Над 85-мина играчи има во понудта за „плус-минус“ поени за играчите кои се очекува да бидат на НБА-терените.