Леброн не играше против Воините, но Сан Франциско сепак посведочи на атрактивно забивање (видео)

Лејкерси ноќеска славеа убедливо на гостувањето кај Голден стејт со 116:86 иако за лидерот на Западот не играше главната ѕвезда Леброн Џејмс. Затоа тука беше Дејвис да ги предводи Езерџиите, па иако Кралот отсуствуваше, се видоа доста атракции и во текот на средбата, а и на полувреме.

Како што е познато, на секој натпревар од НБА-лигата за време на кратката пауза екипите-домаќини без исклучок организираат забавна програма. Синхронизирани танцови, акробати и слично се само дел од забавите, а Голден стејт за промена одлучи да ја препушти сцената на кучето Перси, кое имаше задача да ја забие топката, го стори тоа без грешка и со многу гордост.

https://twitter.com/NBA/status/1233245954310049792

- Оглас -

Најнови вести