Леброн немаше милост кон поранешниот клуб (Видео)

Леброн Џејмс и на 37 години уште е незадржлив во НБА-лигата. Кошаркарот кој пред два дена стигна до второто место на вечната листа на стрелците во најсилната кошаркарска лига одигра уште еден блескав меч.

На гостувањето кај својот поранешен клуб Кливленд, Леброн беше незадржлив и постигна трипл-дабл. Даде 38 поени, а имаше и 11 скока и 12 асистенции, па секако беше најзаслужен за триумфот на Лејкерс од 131:120. Во втората и последната четвртина гостите одиграа многу подобро и ги добија со двоцифрена предност, па Лејкерс останува во трка за место кое носи надеж за влез во плејофот.

Лејкерс моментно е на деветото место на Западот со 31 победа и 41 пораз, па сега има една победа повеќе од 10-тиот Њу Орлеанс, додека Сан Антонио, кој е на 11-тото место, заостануав три победи зад Лејкерс.

Во дербито на Истокот, Филаделфија со 113:106 го победи лидерот Мајами, па сега дополнително станува интересна трката за водечките позиции во оваа конференција.

Лука Дончиќ одигра еден од послабите мечеви и даде само 15 поени, но неговиот Далас на крајот сепак успеа да победи против Минесота.

Резултати: Кливленд – ЛА лејкерс 120:131, Детроит – Портланд 115:119, Шарлот – Њу Орлеанс 106:103, Бруклин – Јута 114:106, Филаделфија – Мајами 115:97, Чикаго – Торонто 113:99, Хјустон – Вашингтон 115:97, Оклахома – Бостон 123:132, Далас – Минесота 110:108.

 

- Оглас -

Најнови вести