НБА-шампионот Лос Анџелес лејкерс го претрпе и вториот пораз сезонава откако на свој терен загуби со 115:107 од Портланд. Лејкерс во последната четвртина влезе со минимална предност, но Портланд со одлична игра успеа да направи изненадување и на крајот славеше во „Стејплс центарот“.
Еден од деталите кој го одбележа мечот се случи пред крајот од третата четвртина, кога Леброн Џејмс ја имаше топката и тргна во еден од своите карактеристички соло пробиви. Лесно помина покрај Енис Картер и кога очекуваше лесно да ја положи топката во обрачот, од „никаде“ се појави Дерик Џонс џуниор и ѝ залепи атрактивна блокада на најголемата НБА-ѕвезда.
https://twitter.com/i/status/1343784550019821574