Леброн пред целиот тим му издаде „наредба“ на Дончиќ, а Словенецот само климаше со глава (Видео)

Ерата на Лука Дончиќ во Лос Анџелес лејкерс и официјално започна. Словенецот дебитираше за новиот тим, и тоа во убедливата победа над Јута џез од 132:113. Ова е шести меч по ред на кој Лејкерси постигнуваат 120+ поени, што само потврдува за нивниот квалитет во нападот.

Ова беше прв меч за Дончиќ уште од Божиќ, а на крајот заврши со 14 поени. Прв стрелец на мечот беше Леброн Џејмс со 24 поени, па ветеранот кој има 40 години потврдува дека уште е вистински лидер на тимот.

Непосредно пред мечот, пред целиот тим, Леброн му се обрати на Дончиќ.

„Лука биди е*ано свој. Немој да се вклопуваш, туку да се истакнуваш“, беше советот од Леброн за Лука. Додека Џејмс зборуваше, Словенецот цело време климаше со главата во знак на потврда и одобрување на неговиот совет.

- Оглас -

Најнови вести