Леброн првпат по 2018 гостува во неговиот Кливленд, 26 поени нема да му бидат проблем?

Гостувањето на Лос Анџелес лејкерс кај Кливленд кавалирс е натпреварот кој предизвикува најголемо внимание кај љубителите на НБА-лигата затоа што Леброн Џејмс за првпат по 2018 година ќе игра против Кавалирс во нивната сала.

Леброн е легенда на Кавалирс, 11 сезони играше за тој клуб, роден е во непосредна близина на градот Кливленд, но овојпат ќе има улога на гостин.

Во богатата понуда на обложувалницата Sport Life ги има десетте натпревари со сите стандардни игри за кошаркарски мечеви, а доколку сакате да се обложите колку поени ќе постигне вечерва Џејмс против Коњаниците, тогаш треба да одлучите дали тој ќе ја надмине бројката од 25 поени. Леброн сезонава има просек од 23,9 поени по натпревар.

Имаше некои шпекулации дека поради ситна повреда на глуждот, Џејмс нема да игра вечерва и дека ќе одмори. Ветеранот сезонава не пропушти ниту една средба, но Кливленд му е посебно место и сигурно ќе сака да игра, па може да се обложите на број на поени. Освен за Леброн Џејмс, можете да погодувате број на поени на уште 73-ца кошаркари кои ќе се појават доцна вечерва.

- Оглас -

Најнови вести