Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат шест натпревари за кои Sport Life подготви одлична понуда за обложување. За секој меч има по 161 комбинација за играње.
Најинтересно ќе биде во Кливленд каде Кавалирс ќе го пречекаат ЛА Лејкерс. Ова воедно ќе претставува враќање на Леброн Џејмс во родниот Охајо и ќе игра против тимот во кој ја започна блескавата НБА-кариера.
Но, квотите се на страната на Кливленд кој има скор од осум победи и седум порази. Лејкерси пак имаат една победа повеќе. Но, адутот на Кливленд е Донован Мичел, кој се опорави од повредата и ќе го предводи својот тим во дуелот со Леброн Џејмс и Езерцата.
Интересно се очекува да биде и на дуелот на вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси кои го пречекуваат Далас маверикс. Ова ќе претставува дуел на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг од едната страна и на Каваи Ленард, Пол Џорџ, Расел Вестбрук и Џејмс Харден од друга страна.
Во понудата на Sport Life има и 23-ца кошаркари кои ќе бидат дел од понудата за „плус-минус“ поени.