Дербито на Лос Анџелес го добија Лејкерс со 123:120 во продолженија против Клиперс, а на паркетот се врати големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс, и тоа триумфално.
По 17 меча пауза поради повреда, Џејмс играше за Лос Анџелес лејкерс и постигна 24 поени со 14 скока и 9 асистенции. Тој го постигна клучниот кош во дополнителните пет минути, откако „езерџиите“ прокоцкаа предност од 14 поени разлика во последниот период од регуларниот дел.
Тобијас Харис израмни на 112:112 во финишот на регуларниот дел, па се играше и дополнителен период, во кој Лејкерс беа поуспешни. Џејмс беше прв стрелец на мечот заедно со Лу Вилијам од спротивниот табор, кој исто така постигна 24 поени.
Филаделфија со разиграните Ембид и Симонс го победи шампионот Голден стејт вориорс и тоа на гостински терен со 113:104.
На домаќините не им помогна ниту извонредниот стрелец Стефан Кари со 41 поен. Дурант постигна 25 поени, а Вориорс немаа трет расположен кошаркар за да ја победат Филаделфија.
Ембид постигна 26 поени со 20 скока, а Симонс имаше ист број поени со 8 скока и 6 асистенции.
Резултати:Детроит – Далас 93:89, Орландо – Индијана 107:100, Торонто – Милвоки 92:105, Сан Антонио – Бруклин 117:114, Голден стејт – Филаделфија 104:113, Лос Анџелес клиперс – Лос Анџелес лејкерс 120:123 (по продолжение).