Леброн тргна атрактивно да забие, но цела сала му се смееше (Видео)

Лос Анџелес лејкерс губи со 0:2 од Денвер во финалето на Западната конферекција и ќе има речиси невозможна мисија да се врати во игра, во трката за кој тим ќе стигне до четири победи.

Во мечот кој се одигра ноќеска во Денвер, домаќините победија со 108:103. Лејкерси водеа речиси постојано во првите три четвртини, но кога беше најаважно, домаќините заиграа подобро и направија пресврт.

Леброн Џејмс беше најдобар кај тимот од ЛА со 22 поени, но Кралот во еден момент од мечот имаше ситуација кога се најде на „сеир“ кај домашните фанови. Џејмс тргна во контранапад и сакаше атрактивно да забие, но ненадејно топката му се лизна од рацете и заврши во аут.

https://youtu.be/y-kZCZZ1tfQ

- Оглас -

Најнови вести