Божиќната вечер во НБА-лигата не разочара, на петте мечеви кои се играа просечната разлика со која победуваа тимовите беше само 5 поени.
Најубедлив беше Феникс, кој со 110-100 го победи Денвер во меч на кој Никола Јокиќ имаше само две асистенции. Њујорк го победи Сан Антонио со 117-114, а кај гостите блесна Виктор Венбамјама со 42 поенa и 18 скока (повеќе поени на божиќно деби од него имал само Вилт Чемберлен, 45). Минесота ја искористи повредата на Лука Дончиќ во првото полувреме за победа од 105-99 над Далас, додека Филаделфија го изненади Бостон со 118-114.
Најинтересно беше на дуелот на Голден стејт и ЛА лејкерс. Победија гостите од Лос Анџелес со 115-113, со кош на Остин Ривс во последна секунда. Ривс направи трипл-дабл и го засени Леброн Џејмс, кој по рекорден 19-ти пат играше на Божиќ и за 31 поен го подобри НБА-рекордот за број на постигнати поени на еден играч на овој празник.
Погледнете ја драмата во Сан Франциско, каде што прво Стеф Кари погоди тројка од голема далечина за нерешено, а потоа Ривс не дозволи да има продолжение и му донесе триумф на својот тим:
STEPH TIES IT. AUSTIN REAVES WINS IT.
WHAT AN ENDING 😱 pic.twitter.com/whJ5bVIfve
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 26, 2024