Леброн: Во мојот дом има двајца подобри шутери од мене

Синовите Брони (15) и Брис (12) се подобри шутери од татко им Леброн Џејмс. И самиот НБА-кошаркар го признава тоа што претходно го напиша еден новинар.

Леброн, кој на 30 декември полни 35 години и ја игра својата 17-та сезона во НБА, важи за најдобар кошаркар на светот, но уште мисли дека има место за напредок во некои елементи од играта, конкретно дека може да го подобри шутот од далечина.

Синот Брони има понуди за да оди во некој од најпрестижните колеџи во САД кои имаат најдобри кошаркарски екипи. Во 2023 година би можел да биде драфтуван во НБА, има добар шут, велат подобар од тој на татко му. Но, Леброн не се лути, туку признава дека е така.

„Не се лутам, тоа е вистината. Брони има одличен мек шут. Јас сум третиот најдобар шутер во моето семејство. И Брис Максимус исто така има жешка рака“, вели Леброн.

- Оглас -

Најнови вести