Леброн: Во првата полусезона нема да играм одбрана!

Додека траат преговороте кога би почнала новата сезона во НБА-лигата, Леброн Џејмс, кој со Лос Анџелес лејкерс освои титула и играше до средината на октомври, на шега најавува дека може и нема да игра во првиот месец или дека нема да се враќа во одбрана.

Ако сезоната почне на 22 декември, на што се противи и здружението на играчи, ќе значи дека подготовките би почнале на 1 декември, што е помалку од два месеци од завршување на финалето. Во нормални услови, помеѓу две сезони во НБА има пауза од четири и пол месеци. Џејмс, кој наскоро ќе наполни 36 години, веќе е ветеран, не сака сезоната да почне пред нова година.

„Во првата половина од сезоната нема да се враќам во одбрана“, изјави на шега Џејмс, кој се надоврза на шегата на Дени Грин дека Џејмс не би играл во првиот месец.

НБА се соочува со големи финансиски загуби, а друг проблем е што крајот на следната сезона може да се поклопи со Олимписките игри и тоа мора да се избегне.

- Оглас -

Најнови вести