Леброн Џејмс громогласно со звук на сирената го протна шампионот во плејоф (Видео)

Леброн Џејмс повторно беше маестрален и е најзаслужен за драматичната победа на шампионот Лос Анџелес лејкерс против Голоден стејт вориорс со 103:100, што им донесе настап во плејофот на шоумените.

На 58 секунди до крајот на мечот, Кралот на кошарката погоди клучна и многу тешка тројка со звукот на сирената за триумф на актуелниот првак, а притоа забележа и трипл-дабл ефект од 22 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Џејмс го играше само четвртиот меч по долгата пауза од еден месец поради повреда, но покажа дека се враќа во форма, а Лос Анџелес се врати во плејофот и ќе игра стартна серија против Феникс санс.

Одличен ноќеска беше и Ентони Дејвис со 25 поени и 12 скока, па Лејкерс со двете големи ѕвезди кои се вратија по повреди во клучни моменти ќе се обиде да го изненади и второрангираниот тим во Западната конференција, Феникс санс.

Голден стејт вориорс ќе има уште една шанса на таканаречениот плејин-турнир и ќе игра за пласман во плејофот против Мемфис гризлис. Стефон Кари беше извонреден со 37 поени и 7 скока и со погодени шест тројки од 9 обиди, но не успеа во клучниот момент да го блокира ударот за три поени на Леброн Џејмс што го одлучи мечот.

Мемфис во нокаут-меч го елиминира Сан Антонио со победа од 100:96 и ќе игра уште еден елиминациски меч против Голден стејт за настап во финалето.

Јонас Валанчиунас беше одличен со 23 поени и 23 скока, Дилон Брукс уфрли 24 поени и одлично ја чуваше првата ѕвезда на Спарс, Демар де Розан, а Џа Морант уфрли 20 поени.

Победникот од дуелот меѓу Мемфис и Голден стејт ќе игра со Јута џез на стартот од плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести