1801 Ст. Паули – Хофенхајм (20.30 часот)
На овој бундеслигашки меч во Хамбург играат два тима кои се борат за опстанок, со тоа што гостите се во многу подобра форма. Хофенхајм има серија од четири меча по ред без пораз. Санкт Паули има четири бода помалку од Хофенхајм, а само два над 16-тиот Бохум, кој е на позиција која носи разигрување за опстанок. Санкт Паули во минатото коло освои бод и прекина серија од четири порази по ред, и тоа им беше само четврто реми сезонава на 25 меча. Хофенхајм доби од последните четири лигашки гостувања. Есеноска во Хофенхајм, Санкт Паули победи со 2-0.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.55)
1701 Ница – Оксер (20.45 часот)
Како третопласирана на табелата, Ница се бори за место во Лигата на шампионите, а Оксер е 11-ти, во „златната средина“ далеку и од Европа и од преселба во втора лига. Ница е фаворит, ќе проба да се врати на победничкиот пат после домашниот пораз од Лион во минатото коло, но и Оксер игра солидно, има само еден пораз во последните пет кола. Оксер даваше по два гола на последните три меча на гости, но победи на само еден од тие три дуели. Оксер од 2010 не победил во Ница, но дома ја совлада Ница со 2-1 во август на стартот на оваа сезона, со гол во 94-тата минута.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)
3001 Џенова – Лече (20.45 часот)
Лече има три порази по ред, сите три минимални со по еден гол-разлика, а Џенова има две ремија по ред. Лече е најнеефикасен тим во Серија А само со 20 гола на 28 меча, но минатиот викенд му дадоа два гола на Милан. Џенова не е загрозена од испаѓање, а Лече е само на три бода од опасната зона која води во Серија Б и на гостите бодовите им се попотребни во моментов. Лече дури 27 години нема победа на гости кај Џенова. Во јануари, кога играа во Лече, средбата заврши 0-0, а и сега не би биле преретано незадоволни со по еден бод.
Предлог тип: Х било кога (1.68)
1301 Лас Палмас – Алавес (21.00)
Ова е дуел на две од најслабите три екипи во шпанската лига, битка за опстанок. Алавес е во малку подобра ситуација, има два бода повеќе и само еден пораз во последните четири кола. Лас Палмас е во криза, освои само два бода во последните девет кола. Последните пет меѓусебни дуели им беа со 0-2 гола, есеноска во Виторија, Алавес победи со 2-0, а островјаните десет години не славеле дома против Алавес.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.89)
1011 Бристол сити – Норвич (21.00 часот)
Домашните се борат за место во разигрувањето за влез во Премиер лигата, седми се на табелата во Чемпионшип, а добро играат во последно време, имаат серија од шест меча по ред без пораз. Канаринците освоија два бода во последните три кола и имаат пет бода помалку од тимот на којшто му гостуваат вечерва. Бристол сити е тим кој има дури 15 ремија на 37 меча сезонава, а пак Норвич 13 пати играше нерешено и има многу повеќе дадени и примени голови од Бристол. Норвич победи на последните две гостувања во Бристол, можеби е време за реванш.
Предлог тип: 1 (2.10)