Лече последен пат го победил Милан пред 17 години и тоа им е единствената победа во овој Милениум

3008 – Милан – Лече (18:00)

Екипата на Милан води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона и нема да дозволи Лече да му застане на патот. “Црвено-црните“ од Милан последен пат од Лече загубиле во 2006-тата година и тоа им е единствениот пораз од овој противник во овој Милениум. Воедно, споменатиот натпревар е последен на кој имало само еден погодок, на останатите имало по најмалку два.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.80)

 

1809 – Менхенгладбах – Унион Берлин (19:30)

Интересна традиција на меѓусебните натпревари имаат овие две екипи. Низ историјата имаат одиграно само девет меѓусебни натпревари и само еднаш не било гол-гол. Тоа се случило во 2019-тата година, а до тогаш до денес секогаш двете екипи постигнувале голови. Последните три натпревари ги доби Унион Берлин со идентични 2-1.

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

1360 – Севиља – Виљареал (21:00)

Екипата на Севиља игра во одлична форма во месец Април и на петте натпревари во првенството и Лигата на шампионите нема пораз. Дополнително, домашните се уште си го немаат обезбедено опстанокот во лигата, а дуелот со Виљареал е одлична можност да освојат бод(ови). На последните шест натпревари на Севиља имало по најмалку два голови, додека во меѓусебните дуели тоа било случај на седум од последните осум натпревари.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.94)

 

1659 – Бриж – Еупен (18:30)

Дуел на екипи со различни амбиции на табелата. Бриж е во голема борба за пласман во плеј-офот за титулата и за пласман во Лигата на шампионите, додека Еупен со сите сили се бори да опстане во лигата. На вкупно 15 меѓусебни натпревари, екипата на Еупен победила само двапати, а само еднаш натпреварите помеѓу овие две екипи не биле 3+. На последните три натпревари двете екипи постигнувале по најмалку еден гол.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.50)

 

1320 – Алавес – Леганес (21:00)

Екипата на Алавес е многу блиску до враќање во шпанската Ла Лига, додека Леганес веќе си го има обезбедено опстанокот во второлигашката конкуренција. Доколку сака Алавес после пауза од една сезона повторно да игра против најквалитетните екипи во Шпанија, тогаш ќе мора да го совлада Леганес. На осум од последните 10 натпревари помеѓу овие две екипи имало по најмалку два погодоци, но никогаш повеќе од четири.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести