Новиот калчолигаш Лече полека се повлекува од трката за ангажман на Илија Несторовски, кој речиси сигурно ќе си замине од Удинезе.
Договорот на екс-македонскиот репрезентативец со тимот од Удине завршува на крајот на месецов и најавено дека тој ќе си бара нов клуб.
Лече беше заинтересиран, но раководството на клубот има други приоритети, односно напаѓачи како засилување за новата сезона во Серија А.
Интерес за Илија има и од англискиот второлигаш Ватфорд, кој испадна од Премиерлигата, а сосема кожно сценарио е Несторовски да се врати во Палермо.
Фудбалскиот симбол на Сицилија се врати во Серија Б и има намера да биде битка и за највисок ранг на натпревари, па можен е кам-бек на Несторовски, како што објавуваат дел од италијанските медиуми.
Популарниот Несто-гол играше за Палермо од 2016 до 2019 година и му фалат само уште шест меча за стотка, според бројот на настапи.
На 94 натпревари во розевиот дрес на клубот од Сицилија, 32-годишниот македонски напаѓач постигна 38 гола.