Манчестер сити води со 2:0 против Вест хем и е на прагот на победа во заостанат меч од Премиер лигата. Родри и Де Бројне беа стрелци на погодоците за Граѓаните, но покрај двата гола, досегашниот дел од мечот го одбележа една необична ситуација во првиот дел.
Серхио Агуеро имаше шанса да постигне гол, но дефанзивецот на гостите Анџело Огбона реши по секоја цена да го сопре противникот. Играчот на Вест хем одзади реши да го фати Агуеро за тестисите, а Аргентинецот падна. Судијата не го виде тој момент, а воопшто не сакаше да гледа повторена снимка од ВАР-собата, па залудни беа протестите на голгетерот на Сити да добие пенал.