Леганес и Осасуна вечерва играат меч кој може да испише историја во шпанскиот фудбал

Екипите на Леганес и Осасуна вечерва во Мадрид ќе одиграат навидум обичен меч на два тима кои се борат за опстанок во шпанската лига, но оваа средба може да придонесе да биде испишана историја во Ла Лига.

На досегашните девет меча од ова коло во шпанското првенство, дури на седум победија гостинските екипи, а два меча завршија нерешено.

Честа на домаќините ќе се обиде да ја одбрани Леганес. Ако мечот вечерва заврши нерешено, за првпат по 19 години ќе се случи во едно цело коло на Ла Лига да не победи ниту еден домаќин, а во ова коло дома играа и гигантите Реал Мадрид и Барселона, што подвигот го прави уште поголем.

Ако Осасуна победи, тогаш ќе биде испишана историја. Досега никогаш не се случило дури осум натпревари во едно коло на Ла Лига да завршат со победи на гостите. рекордот од седум победи веќе е изедначен, но може да биде и урнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести